Владимир Кецмановиќ, таткото на 13-годишниот напаѓач Коста К. кој уби осуммина и рани седуммина во Врачар во училиште во Белград, се обидел да си го одземе животот во затворската келија.
Српски Информер пишува дека Владимир со сета сила ја удрил главата од ѕидот. Тој веднаш бил префрлен во затворската болница во Белград, каде е на прегледи.
„Владимир вчера имаше психички слом и се обиде да се самоубие, на тој начин што ненадејно се залета и удри со глава во ѕид на изненадување на неговиот цимер. Редарите веднаш реагирале и Владимир добил соодветна лекарска помош.
На Владимир му е укажана лекарска помош и неговиот живот не е во животна опасност.
Добро упатен извор на Информер вели дека Владимир по апсењето бил сместен во приемното одделение на Окружниот затвор во Белград.
Владимир Кецмановиќ, инаку познат доктор радиолог, беше уапсен непосредно по апсењето на неговиот малолетен син. Претходно српските медиуми пишуваа дека тој ќе одговара пред судот.
Таткото на Коста, инаку, се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи неговиот син кобното утро на 3 мај зел два пиштоли на татко му од семејниот сеф и со нив ги убил учениците и портирот.
Владимир, кој е угледен радиолог, беше сослушан на 5 мај во Вишото обвинителство во Белград и во таа прилика беше многу вознемирен и потресен од грозоморниот масакр што го изврши неговиот син.
Тој на рочиштето призна дека навистина го однел синот на стрелиштето, но и дека неговиот син бил жртва на врсничко насилство во „Владислав Рибникар“.
Во таа прилика тој изјави и дека е „мртов човек“ откако неговиот син го извршил масакрот.








