Харалд Копиц, таткото монструм кој најпрво со таблети пробал да ги убие па потоа со голи раце ги задавиле своте три деца – близнаци на 7 и синче на 4 години – најавил дека дека повторно ќе се обиде да изврши самоубиство, исто како што испи повеќе од 100 таблети по убиството на децата.
Три дена по ужасното чедоморство тој бил префрлен на Клиниката за психијатрија, а потоа бил однесен на распит во криминалистичката полиција.
Таму изјавил дека му е жал што е сеуште жив, дека долго време бил без работа, дека должел пари за киријата за станот, дека нема каде да оди, па решил да си го одземе животот, но и животите на трите деца за да „не биде сам кога ќе умре“.
Обдукцијата на телата на убиените деца е завршена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи за да се утврди како се убиени, со труење со апчиња или гушење. Тројното убиство на дете се случи ноќта помеѓу петокот и саботата, на 24 и 25 септември, во загрепската населба Млинови.






