43-годишниот Горан Кнежевиќ синоќа со секира ги нападнал поранешната сопруга и едно иполгодишното дете. Од нападот девојчето починало во болница во Загреб, додека нејзината мајка има тешки физички повреди.



По нападот Кнежевиќ побегнал, а набргу потоа настрадал во сообраќајна несреќа на обиколницата во Загреб. На него налетал автомобил и го усмртил на лице место.

Индекс.хр дознава дека Горан Кнежевиќ и претходно и бил познат на полицијата поради неговото проблематично однесување и грабежите, поради што бил во затвор.

Имено, тој во 2009 година во петчлена група бил осомничен дека ограбил две пошти и пет автомати, во кои однеле еден милион куни.

Разбојништвата ги вршеле маскирани а парите и оружјето што ги користеле никогаш не биле пронајдени.

Кнежевиќ е државјанин на БиХ, чие семејство дошло во Хрватска Дубица од Жепче, каде што живееле подолго време.