Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера со огнено оружје го убил својот 59-годишен син во скопската населба Аеродром, соопшти поладнево Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 19:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улица „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д. (87) и В.Д. (59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури.
Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, се наведува во соопштението на Министерството.






