Татко на деца со аутизам до Костадинов: Доста се навредувате, помогнете ни!

На обидот на пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов да биде смешен на социјалните мрежи реагираат луѓе што имаат сериозни проблеми со решавање на проблемите на своите деца со попреченост.



Откако Костадинов трошеше време на досетки со незначајна и неважна тема и ја нападна опозицијата, татко на две дечиња со аутизам му го побара неговиот е-маил за да му ги испрати проблемите на родителите на децата со попреченост.

“Не е лошо место меѓусебно да се навредувате како наши народни пратеници малку да се заинтересирате какви проблеми имаме и како да ни помогнете да се решат истите

Зарем за да се вреѓате со досетки земате народни пари”, му напиша Зоран Мијалков на Костадинов.

Еден час по барањето на родителот пратеникот на СДСМ молчи за барањето.

Поврзана вест

За 25 дена го добивме најнечовечкиот твит на годината во Македонија