Скопјанката Моник Конопова која беше осудена на затворска казна за користење на марихуана која ја одлежа вечерва обвини дека нејзиниот татко вечерва околу 22 часот сакал да ја убие.
“Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата”, пишува Комопова користејќи го хаштагот #семејнонасилство.
Конопова последниве дваесетина дена објавуваше нејзини разголени фотографии и видеа што може да е една од причините за нападот од нејзиниот татко.




