Татко и син изгореа во пожар во семејна куќа во Прилеп

Татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп.



Пожарот во надлежните служби бил пријавен синоќа околу 21,45 часот. – Околу 22 часот синоќа добивме пријава за пожар за запалена куќа на улицата Цане Илиески број 87а“.

„За гаснење на пожарот интервениравме со три возила и девет пожарникари. Опожарени беа дел од катот на куќата – дневна просторија и кујна. Затекнато е едно изгорено лице, а другото лице, задушено од чадот извлечено е надвор од куќата и предадено на службата за Итна помош каде е констатирана смрт. Двете лица се на возраст од околу 60 и 80 години. Лицата пред да стигнеме веќе биле починати“ вели Кристијан Момироски, командир на противпожарната единица од Прилеп.

Едниот прилепчанец бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето каде се задушил. Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.

Увид на местото на пожарот направија полицијата и основен јавен обвинител. Се врши истрага за да се откријат причините за пожарот и трагедијата.

„Сигурно двете лица се задушиле од чадот. Еден од луѓето што живее таму ни кажа дека биле подвижни, но останале во куќата да го гаснат пожарот.

Во куќата живееле тројца, од кои едниот излегол да побара помош. Викал по нив да излезат, ама тие останале во куќата да го гаснат пожарот. Ние ја утврдивме смртта, а потоа надлежност презеде основниот јавен обвинител“, изјавил Даниел Аврамоски началник на службата за Итна помош- Прилеп. (Плусинфо)

Сосетка потврди дека во куќата живееле тројца, татко со двајца синови.

Обдукцијата телата на загинатите ќе ги утврди причините за смртта, а надлежни инспектори ќе ја вршат истрагата за причината за пожарот.