Вработен во СВР Струмица со позајмен мотор регистриран на бугарски таблички удрил пешак и побегнал од местото на несреќата.
Неговиот татко кој работи во царината, за да го заштити, се обидел да ги фалсификува документите за возилото.
Настанот се случил на почетокот од минатиот месец кога 30 годишниот вработен во струмичкиот сектор за внатрешни работи управувајќи моторцикл „Јамаха“ сопстевност на жител од Куклиш удрил во малолетно лице кое се здобило со телесни повреди и наместо да застане го напуштил местото насереќата.
Против таткото и синот, но и сопстевникот на моторот се поднесени кривични пријави и доставени до основното јавно обвинителство, пренесува Сител.




