Извештаите за руски ракетен напад врз станбената зграда во Киев се лажни, изјави за ТАСС во саботата извор од руското Министерство за одбрана, додавајќи дека зградата била погодена од ракета за воздушна одбрана Бук-М1.
„Извештаите што се шират на социјалните мрежи за руски ракетен напад врз станбената зграда на авенијата Љубановского во Киев се лажни. Оштетувањето на зградата укажува на удар на ракета од противвоздушна одбрана. Тоа можеше јасно да се види на видеото“, велат од руското МО.
„Очигледно, за време на одбраната од ноќниот ракетен напад врз објектите на украинската воена инфраструктура […] системот за гаѓање на украинскиот ракетен систем за воздушна одбрана Бук-М1 затаил, а проектилот го погоди аголот на станбената зграда“, рече изворот за руската агенција.







