Ташев: Одбиле да попишат една „Бугарка“ во Македонија

Спас Ташев од Институтот за население и човечки студии при Бугарската академија на науките, тврди дека Бугарија доцни со реакцијата на прекршувањата и апсурдите во пописот на ПЦМ.



Во студиото на Нова ТВ, тој даде пример кога на една, наводно“ ѝ било одбиено да биде попишана како „Бугарка“ бидејќи не можела да покаже бугарски пасош. Истовремено, во графата за јазик било запишано бугарски.

Спас Ташев, инаку вонреден професор, изјавил дека знае и за други манипулации што ги вршат властите.

Она што се случува во ПЦМ ќе ги искриви податоците, со сигурност, тврди тој и вели дека тоа е уште еден начин да се изврши притисок врз граѓаните со бугарски национален идентитет, пренесуваат медиуми.