Ташев: Петков очигледно се обврзал да го укине ветото за Скопје, но…

Член на Бугарската академија на науки (БАН) оценува дека нема значајна промена во односите со Скопје во последните четири месеци.



„Пристапот на Петков е проактивен и рационален, но неподготвен…Нашиот премиер очигледно се обврза да го укине ветото и сака да се ослободи од одговорноста“, вели професорот Спас Ташев од БАН, пренесуваат бугарски медиуми.

„Петков зборува различни работи за нашите и за западните медиуми, дава спротивни пораки кои создаваат очекувања.

Нема очекувања дека ветото ќе се тргне на 24 мај, туку ќе биде најавено дека за тоа ќе се разговара во блиска иднина, но не и во првата половина од оваа година“, вели аналитичарот.