Актерот Сашо Тасевски со коментар по појавувањето на „паралелната“ коњаница во организација на младите социјалдемократи кои заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, вчера организираа коњички марш во Крушево по повод Илинден.



„Што им текна одеднаш на Илинден на социјалдемократите квизлинзи да глумат патриоти?
Па јаваат коњи до Мечкин Камен, преправени во Али Експрес војводи“, прашува актерот на социјалните мрежи.

„Се’ за што им се потсмеваа на вмровците оваа година, тачевци го прават за 2 август.
Некои ќе речат се потсмеваат со празникот.
Има вистина во тоа. Оти како да се сфати поинаку нивната травестија кога шест години, секој ден работат на бугарската агенда за бугаризација на Македонија.
Но има тука уште нешто.
Тие се доволно лицемерни, подмочни и властољубиви да можат да проголтаат и направат се што ќе им се каже од Америте или оние од ЕУ.
Така и овој циркус го прават по наредба.
Не за да ни се доближат нам кои одамна ги сметаме за најниска форма на живот или за умрени, туку, да им се доближат на оние кои се такаречи неутрални, како и на дел од нивното членство кое се сомнева во секој нивни потег.
А на ред е планот уставот да се отвори за љубов на Бугарите. Квислинзите мора барем малку да ја разубават грдата слика за самите нив што ја сликаа шест години.
Мора да станат барем некому малку симпатични и малку патриоти, пред последното предавство што планираат да го сторат.
Затоа е целиот овој нивни циркус на Илинден, порачува Тасевски.