Тасевски за „оној наш луд Милојко“: Еј, бара помош од држава која ни го смени името?!

Актерот Сашо Тасевски во свој стил ја коментира најавата од премиерот Зоран Заев за помош до Грција во спорот со Бугарија, која ја побарал на средбата со својот грчки колега и домаќин Кирјакос Мицотакис.



„Оној наш луд Милојко отиде кај Шпанците и Грците да бара помош во спорот со Бугарија. Спор којшто сам си го создаде со потпишувањето на договорот со Бугарија.

Еј, бара помош од држава која ни го смени името и плус очекува дека таа и Шпанија би застанале против својот партнер во ЕУ, само за да му помогнат нему.

Колку треба да си глуп и ограничен прво да се доведеш во таква положба очајно да бараш помош, а потоа и да очекуваш дека некој би му помогнал на лигле кој го продал својот народ и држава за да биде премиер.

Од друга страна, партијата му се распаѓа одвнатре. Сите долгогодишни партиски членови кои биле со неа и кога ѝ било најтешко се тргнати на страна. Бесни што лудиот Милојко им ја наполни од старт со ен-џи-о говеда и фашисти, кои ги лапнаа најдобрите позиции и привилегии.

Тие револтираните повеќе нема да гласаат за него на кои било избори. Ова се нивни ставови кои само ги пренесувам.

Штета што оние кои уште му даваат поддршка на лудиот Милојко не сфаќаат дека поради него веќе никогаш таа партија нема да дојде на власт во Македонија. Па, дури и кога него ќе го избркаат на клоци од таму. Дури и Бранко да им се врати, со СДСМ е свршено. Не сфаќаат дека тој глупав човек им ја запечати судбината засекогаш“, категоричен е Тасевски во објавата на својот профил на Фејсбук.