Актерот Сашо Тасевски со саркастичен коментар за постигнатиот договор со жителите на Слупчане, по кој на ЕВН ѝ било допуштено од нив да влезе во селото и да ги санира штетите врз трафостаниците.
„Организирам голем пречек на инкасаторите од ЕВН. Ќе поминат под Триумфалната капија во 14 часот качени на панорамски автобус.
Да ги пречекаме нашите херои кои конечно влегоа во Слупчане по двомесечна опсада на селото.
Без жртви и без испукан куршум.
Со византиска дипломатија ги убедија слупчанци дека други ќе им ги плаќаат сметките за струја и да го предадат селото без борба.
Едноставно, не им оставија место за маневар. Мораа да попуштат.
Ваков триумф нашата држава немала уште од Александар кога со фалангата влезе во Персија“, напиша Тасевски на Фејсбук.






