Тасевски: Во 2001 капитулиравме пред УЧК, некој ѝ ја предаде државата на неа и на ДУИ и изврши предавство! – Македонците се под окупација!

„Сум кажал јавно на телевизија неколку пати дека ние 2001 потпишавме капитулација во Охрид пред УЧК. Вечерва Павле Трајанов го кажа токму тоа во емисијата ‘Само вистина’ на ТВ Канал 5. Тоа значи дека некој извршил предавство! ИМ ЈА ПРЕДАЛ ДРЖАВАТА НА УЧК, ОДНОСНО НА ДУИ. Значи, Македонците се под окупација!“ – вели актерот Сашо Тасевски во својата објава на фејсбук-профилот.



Натаму Тасевски пишува: Немав друг чуено јавно да го каже тоа. Јавно, на ТВ. Можеби грешам. Нејсе… Вечерва Павле Трајанов го кажа токму тоа на Само вистина. Добив потврда,за она што сум го тврдел, а многу ме гледаа со потсмев од соговорниците во емисија. Го удри некое цунами на искреност.

Трајанов кажа дека тогаш целосно потфрлила полицијата и војската. Слаба координација и организација, рече. Кога ќе го каже тоа меѓу редови таков човек, кој бил на првата линија на безбедноста во деведесетите, значи само едно: Некој извршил предавство! ИМ ЈА  ПРЕДАЛ ДРЖАВАТА НА УЧК, ОДНОСНО НА ДУИ.

Значи Македонците се под окупација!

Толку треба да знаете. За да не се чудиме што ни се случува.