Тасевски: „Вакцините ги пречекавте ко’ невеста од Пустец“

„Вакциниве ги пречекавте ко невеста од Пустец.
Народна веселба за стар младоженец.
Она кога си преплашен дека ќе останеш неженет за потсмев на цело село и одеднаш ко ќе ти речат, ‘Најдовме невеста за тебе. Малку е со фалинки, ама невеста е. И наместо два милиони евра (читај: вакцини), во мираз ти носи само 24 илјади, ама земај да не останеш и без нив’.
Особено ЕУ ако ти е стројник, не се одбива. Не ти е по ќеф ни невестава ни миразот, ама ај седи неженет“.



Коментар на актерот Сашо Тасевски на Фејсбук за денешниот пречек на 24-те илјади АстраЗенека вакцини на скопскиот аеродром на кој присуствуваше речиси половина од дипомиматскиот кор во земјава.