Тасевски: Спуштајте кепенци на сите институции, ние сме циркус, а не држава! – САД го ставаат Мерко на „црна листа“, наместо нас!

„Вие, то ест ние немаме Aнтикорупциска, па мора Америве да ни ја откриваат корупцијата?!“реагира актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил по одлуката на администрацијата на САД да се стави градоначалникот на Струга и висок функционер во ДУИ Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД, поради вмешаност во корупција.



Тасевски пишува: Го туриле Рамиз Мерко Семоќниот на Црна листа.

 Кутрите Амери виделе нам не ни текнува да го рчнеме, па рекоа, ќе мора ние да се порчкаме со него.

А, бе спуштајте кепенци на сите институции! Ние сме циркус, а не држава!