Актерот Сашо Тасевски згрме против најавеното покачување на платите на функционерите за 78 проценти по одлуката на Уставниот суд.
„Мене веќе на гласање не ме гледаат!
Ми се внесе в лице еден пензионер на улица. Имам 500 денари покачување на пензијата, а оние арамии си ги покачија платите по 1.000 евра! Кажи го ова на ТВ кога ќе бидеш! Една нивна плата е како мојата годишна пензија!
Сега сум во вторник на ТВ. Ќе кажам. Ама што вреди? Тие нè сметаат за малоумни, затоа им успева сè.
Со кој образ ќе барате гласови на избори по ова? Луѓе има гладуваат, вие 1.000 евра покачување на вашите плати!!! Дали имате трошка срам?
Да направеа Швајцарија овде, да кажеш пеки. Нека земат. Ама они направија држава мрсул да не фрлиш на неа.
Замислете, платите на сите тие министри, заменици, сега ќе бидат преку 3.000 евра, а ние очи си вадиме меѓу себе, трчаме да гласаме за нив, кога ќе се појават меѓу народ се топиме од милина ако нè поздрават: ‘Еј, Таче ми направи да пукне и ме поздрави. А овој што се фали платата 25 илјади, а на Таче 200 илјади денари“, коментира Тасевски на Фејсбук.






