Актерот Сашо Тасевски реагира на, како што вели, „силеџиското“ принудување на граѓаните до февруари идната година да ги сменат личните документи на кои треба да им биде додадено она „северна“(пасоши, лични кари, возачки), процедура која претставува уште еден удар врз џебот и покрај тоа што на многумина рокот на документите не е им истечен.



„ Ќе си го продолжите рокот за промена на документите за после изборите.

Прво изгубете на избори ко што е ред, па новата власт нека решава дали и кога ќе ги менуваме . Оти ние не ја признаваме вашата половна Северна.

А ако ги менувате силеџиски како се до сега, ќе си ги покриете трошоците за новите документи како држава. Пошо еве јас пред една година сменив лична карта, возачката ми трае уште пет години…. има куп луѓе, годинава пасоши нови извадија.

Доста крадете од нас. До февруари 2024, можете да се сликате место нас, за вашите документи“, порачува Тасевски.