Тасевски: Обиџуко е лош кон крадците на ќебапи, но е кроток кон револверашите во Ист Гејт -македонскиот Океј Корал, без шериф, без закон и ред!

„Ист Гејт е македонскиот Океј Корал. Место за каубојштина и револверашки двобои. Лошите се пресметуваат меѓу случајни минувачи и деца. И Џеронимо со Индијанците е тука. Чекаат во заседа за друг филм, обоени со воинствени бои од поодамна. За разлика од Океј Корал, овој нашиов нема шериф. Наместо Вајат Ерп и Док Холидеј го имаме Обиџуко.“реагира револтирано актерот Сашо Тасевски по најновото пукање во скопскиот трговски центар Ист Гејт и обидот за убиство на Раде Штекли.



На својот фејсбук-профил Тасевски натаму пишува: Обиџуко е лош е кон крадци на ќебапи, но кроток кон револверашите, кон најлошите момци во нискобуџетниот лош вестернфилм во кој живееме секој ден. Во Газа барем знаеш дека е војна и од чија ракета гинеш. Кај нас си излегол во шопинг и можеш да загинеш од заскитан куршум, кој го барал Бакли, Макли или Текли, ама те нашол тебе по грешка.

Сум им рекол и на децата одамна: нема што да барате во Ист Гејт, нема зошто да дремете по молови-трговски центри, да скитате како дрогирани по тие места за шопингзависници. Особено не сега кога италијанската тајна служба вчера објави дека има и кај нас ќелии на џихадисти. Европа се затвора. Ставаат полицајци на границите. Шенгенот се држи на конче. Очекуваат тероризам низ Европа.

Пендаровски, си чул ти за ова? Или уште ќе се чудиш како најголемите бандити кај нас се слободни, на улица? Ама за ова кај нас не се збори по медиуми. Така ли е шупаци, да не речам факт-чекери. Точно или неточно? Ќе ми го бришете постов, гомнари, како шо правите? Точно ли е предупредувањето на Италијанците кое го пратиле до пет балкански земји?

А Обиџуко објавил слика од пукачот и јавноста да помогнала да се фати, таа јавност што не ја прашавте кога застарувавте тешки кривични дела, кога делевте пасоши по околните држави на дилери и платени убијци. Што не ја прашавте јавноста: Смееме вака? Ај помогнете делата на Началниче со останатите да не застарат.

Па уште ние пукачот да ви го бараме. Па некој да го познае да го каже и да го најдат со куршум во глава. Кој ќе го заштити?

Ние сме подивеан Исток. Подив од Дивиот Запад во неговото најдиво време. Само што го немаме Вајат Ерп. Немаме закон и ред.