Александар Тасевски вели дека ги поздравува потезите на Владата да се „чешлаат“ вработувања и со самото тоа и досегашното работење на М-НАВ, укажувајќи дека тоа всушност и биле нивните синдикални барања до сега. Тој на социјалните мрежи напиша дека стои на располагање за да се извршу ревизија во врска со изјавата на Премиерот за вработување на членови на семејството
„Би сакал да му се заблагодарам на Премиерот Ковачевски што некој најпосле ги послуша нашите барања со сериозност, а не како во минатото, сето тоа да остане на празни ветувања. Што се однесува до инсинуациите за семејни вработувања и непотизам, во конкретниов случај посочен јас и моето семејство, стојам на располагања, на сите институции, и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство, и кај нас“, напиша тој.
Тасевски наброја и дел од образовните институции низ кои тој поминал со цел да и се објасни на јавноста, дека неговото школување за контролор на летање, започнало многу пред М-НАВ дури и да постои како компанија, во далечната 1993 година.
„Како дел од фелата на контролори на летање, успеав, и сеуште настојувам да помогнам со моето стекнато знаење, да ја усовршам професијата, себеси па и компанијата, давајќи удел од самите почетоци кога М-НАВ како компанија прооде за прв пат. Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев „принуден“ да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер“, вели Тасевски во својата објава.
Тој вели дека од таму потекнува борбеноста, љубовта и желбата за максимална професионалност во контролата на летање,
„Овој факт, би требал да биде пример за пофалба, а не за критика и дефокусирање од вистинските проблеми во М-НАВ“, стои во неговата објава.






