Тасевски: Каков е тој ‘мајчин велешки јазик’ во серијата за Кочо Рацин?! Заради Бугарите и Грците не смеете да спомнете македонски јазик?!

„Ќе прашам и јас како Маја Платнар: каков е тој мајчин велешки јазик? Панко во серијата го прашува Рацин на кој јазик пишуваш? Тој вели, на српски, бугарски, германски и мајчин велешки јазик.реагира жестоко актерот Сашо Тасевски во врска со одбегнувањето да се спомене името на јазикот, кој го говори македонскиот народ, како македонски во сценариото на многу очекуваната домашна македонска серија „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин, чија прва епизода беше емитувана на ТВ Телма на 9-ти јануари 2024 година.



Во објавата на својот фејсбук-профил Тасевски истакнува: „Ќе прашам и јас како Маја Платнар: каков е тој мајчин велешки јазик? Панко во серијата го прашува Рацин на кој јазик пишуваш? Тој вели, на српски, бугарски, германски и мајчин велешки јазик.“ Вистина така рекол Рацин, или таа реплика е напишана под наплив на авторска НЕслобода? Велешкиот не е дијалект од македонскиот јазик?

Ги прашувам авторите на серијата: дали знаете дека со тој гаф намерно или не, ни ја убивте желбата да гледаме понатаму. Верувале, или не. А, бе и ликот на Панко го затемнивте со оваа идиотска реплика. Човекот што го напиша манифестот на АСНОМ.

Вака изгледа цензорството од Бугарија на наши дела? За љубов на Бугарите и Грците не смеете да спомнете македонски јазик. И тоа во дело финансирано со наши пари. Ова ви е во договорот за пријателство? Мизерија што правите со наши пари. Срамота, бе!