Актерот Сашо Тасевски предизвика бура на Фејсбук со емотивната објава за односот на државата кон болните од цистична фиброза, кои протестираа за немањето лекови.
„Ивана плачеше за терапија бандо џепарошка.
Додека вие не можете да се донајадете со морска храна и телешки мускули, додека плаќате хотели по Турција од 20 илјади евра од вечер за да импресионирате ваши ку.вици и секретарки и купувате возила од 40 илјади евра, Ивана и останатите болни од цистична фиброза плачат да го набавите и платите лекот.
За што плаќаме здравствено цел живот?
Зошто бе?
За да можат полуписмените од ДУИ да драпаат секретарки и швалерки на државен трошок. Да ги драпаат на задното седиште на новите лимузини купени од државни пари?
А Ивана ќе плаче за лек.
Ја знам од нејзини 16 години. Ме гледала во театар, ги читала моите книги. Сакаше да се запознаеме.
После излезе се запознав и со нејзините родители во Прилеп, ме викнаа два дена на гости, со семејството. Топ луѓе. Добри ко леб. Интелектуалци.
Ама Ивана вчера плачеше за лек. Девојка која никогаш не сум ја видел да не е насмеана и покрај тешката болест.
А сега има околу 30 години. Мамето ваше апашко. Цела држава е ваш заложник. Заложник на вашата нанаситност, полуписменост и малоумност.
Родители со деца од две години болни од цистична фиброза сте ги оставиле без лек.
Важно вие да имате да лапате телешки и љубовни мускули во луксузни хотели, другите нека умрат.
Ивана и сите вие болни од цистична фиброза изневерени од здравството и цела држава, ја имате мојата поддршка. Не декларативно. Секако. Што треба да направам пишете, јавете се. Ќе дојдам со вас и на протест ако тоа некако може да помогне.
Таче, уште денес седнете со тие од ДУИ, отворете сефовите, задолжете се ако сте врвка и набавете го лекот, мамето ваше. Џепароши едни“, напиша Тасевски.






