Писателот и актер Сашо Тасевски се чуди што јавноста паѓа во несвест затоа што ,,28 годишно дерле од ДУИ, тв водителка е назначена за генерален конзул во Њујорк”.
,,Државата тоа е ДУИ.
Ова на сите ни е јасно.
Таче е само за спотер ставен премиер.
Сега таа ќе зема 3500 долари плата како конзулка во Њујорк, иако е тиква за дипломатија и политика. Прашање дали три книги има прочитано во животот, ама тоа е… Ќе си ја лади по Америка на наш трошок и ќе билда си ви… А наши деца дипломирани по дипломатија ќе работат во кладилница или во кафана.
Им ја нудевте цела рака овие 20 години, тие на крај ни ја одгризаа главата” пишува Тасевски по скандалозниот предлог на владата за генерален конзул во Њујорк да замине неискусна новинарка која нема никаков дипломатски бекграунд.
Повеќе детали за скандалот
И син на аналитичар и шура на пратеник на СДСМ добил конзулска функција од владата






