Актерот Сашо Тасевски го повика премиерот Зоран Заев да му побара оставка на првиот вицепремиер Артан Груби по потврдата од неговиот партиски лидер во ДУИ, Али Ахмети, дека бил „само преведувач“ во скандалот „Жолта куќа“ и „ништо повеќе од тоа“.
„Зоран, излези еднаш маж и јавно побарај оставка од Груби. Веднаш. Уште ноќеска мора да замине од функцијата што му ја дадовте. До кога ќе им се плашите на тие манијаци?
Гледате, нивните довчерашни господари се завртеа против нив. Искористете го поволниот западен ветер да ги дотолчите. Не калкулирајте. Цело владеење ви е бесмислена калкулација која сите не турка во исчезнување. Лешпери едни. Барем еднаш удрете по маса“, порача Тасевски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158795048102180





