Тасевски до Забрчанец: А ти се правиш мутав

На шефот на владината пропаганда Марјан Забрчанец кој му е советник на Заев не му е јасно зошто утре ќе штрајкуваат наставниците.



Тој се пофали дека влада Владата и СОНК покрај досегашните зголемувања разговарат и за 2020 но не знае зошто утре нема да почне учебната година.

“Во септември 2018 година просветарите добија покачување на платите за 5%. Во септември 2019 се активира ново покачување за уште 5% или вкупно раст на платата за 10.8% во споредба со пред една година.

Владата и СОНК разговараат за нови покачувања во 2020 година.

Која е причината да се штрајкува при раст на плати?

Која е причината децата да страдаат додека растат платите во образованието?”, прашува советникот на Заев и налетува на одговор на актерот Сашо Тасевски.

“Слушај фраер, некој учел факултет, дипломирал, магистрирал, 20 години е професор во средно, а ти се правиш мутав, зошто не е задоволен со 23 илјади плата… Тој цинизам твој ви зема гласови со прогресија. За промена пробај да ги чуеш, наместо да го глумиш Латас”, му одговара Тасевски на прашањата на Забрчанец.

Во дебатата се вклучува и новинарот Бобан Карапејовски кој бара Забрчанец да се потсети како би реагирал во времето кога СДСМ беше во опозиција а тој шеф на невладината МОф.

“Замисли што би рекол извршниот директор на МОФ на ваков статус на Протоѓер пред 5 години и одговорот сам ќе ти дојде”, пишува Карапејовски.

Од останатите контра прашања за советникот во владата интересно е и следново:

Ти, колку плата земаш и зошто?