Тасевски до власта за вакцините: Изгубени сте „ко гаќи у порниќ“

Актерот Сашо Тасевски жестоко удри по власта за тоа што цел месец откако почна вакцинацијата против Ковид-19 во повеќе земји, меѓу нив и од непосредното соседство, а во Македонија од тоа абер нема.



„Европските ви и американски пријатели ве оставија на цедило за вакцините. Аш вакцини! Со нула ве множат. Менувајте вие име, устав, химна, јазик, народ… Бугарчињата исто ве извисија. Кај Србите сега просите за вакцини. Одеднаш на Кина ви текна.

Утре кај Путин на вакцина, зошто да не? Изгубени сте ко гаќи у порниќ.

Неспособни бевте, неспособни останавте“, реагира Тасевски.