Актерот Сашо Тасевски предупредува дека граѓаните незадоволни од одлуките на власта можат да почнат сами да пресудуваат.
“Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин.
Апелација ја намалила првичната пресуда за триипол години.
Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата…
Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават.
Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате”, прашува актерот Тасевски незадоволен од одлуката на судот.




