Актерот Сашо Тасевски му препорачува на новиот премиер Димитар Ковачевски, да не се сретнува со бугарскиот премиер Кирил Пеков кој во пресрет на посетата на Македонија вели дека во Бугарија нема македонско малцинство.
„Утре е голем ден. Ни доаѓа во посета бугарскиот премиер Петков, кој пред два дена храбро и пријателски изјави: Нема такво малцинство во Бугарија!
Не сакаше и да изговори МАКЕДОНСКО.
Е сега, ти Таче Ковачевски и вие новинари од Македонија за да го направите утрешниот ден уште поголем, одбијте да го примите и пречекате Петков.
Нека дојде, нека си поплаче со тукашните стотина бугараши на некоја клупа у парк и толку.
Па уште бара да сме признале бугарско малцинство во уставот?
Еј после изјавата дека Македонци не постојат.
Таче, го примиш ли Петков на муабет, ти си завршил со политичката кариера, а изборите ќе ги изгубите 100 : 0.
Ги губите секако, ама го примиш ли, го јадете ко поп сарма.
Ќе го примиш ли Таче?
Истото важи и за новинарите.
Бојкотирајте го Петков. Со тоа ќе покажете на светот дека имаме некакво достоинство и ќе покажете дека Бугарите отидоа предалеку во својот фашизам и шовинизам.
Пендаровски, истото важи и за тебе.
И дај видете таму, време е да затворите некои бугарашки здруженија овде кои носат имиња на познати соработници на Мусолини и на усташкиот поглавник Павелиќ“, пишува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.







