„Бујар, 900 илјади Македонци не ги сакаат Бугарите во Уставот поради нивната агенда за бришење и негирање на македонството. Нема да им ги испорачаш нашите глави на Бугарите, Америте и ЕУ. Ете ти 900 илјади виновници. Од*би, човеку!“ – со оваа жестока порака актерот Сашо Тасевски изреагира, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи упати своевидна закана кон „кочничарите на Македонија“, кои се осмелуваат да се спротивстават на внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.
Во овој контекст Османи изјави: „До последниот здив работиме да ги направиме уставните измени… Но, ако не успееме, ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина и што го кочат просперитетот на оваа држава. Тие луѓе ќе треба да бидат спомнувани со име и презиме во јавноста.“
Во објавата на својот фејсбук-профил натаму Тасевски му порачува на Бујар Османи: Сакаш сите со имиња да нѐ кажеш кои сме против Бугарите во уставот. Повели, Бујар, кажи ги. Џабе. Ние до тука молчевме и трпевме.
Изгледа не ви успеа да купите ни еден пратеник од ВМРО. Нема да гласаат за уставните измени. Тоа мора да се поздрави.
Тачевци, останавте сами во предавството. Ќе биде потресно да се гледа ко ќе гласате сами против својот народ, ама ако, ќе видат сите, ќе види светот кое дно може да го пробие еден слугински, поданички менталитет на корумпирана владеачка партија. Братство и сестринство на влечуги и мекотели.





