Тасевски до Ковачевски: Идиоте, „Голема Албанија“ значи промена на граници, негација на држава на македонскиот народ и негова палестинизација!

„Таче, со карти на Голема Албанија ти мафтаат сега пред очи, не пред 140 години. Тие карти, дилајло неопеана, значат промена на граници. Значат негација на постоење на било каква држава или територија за Македонците. Значат протерување и окупација на македонскиот народ. Негова палестинизација. Сега и овде, токмак еден.“ – со ова јавно обраќање до премиерот Димитар Ковачевски му се обрати актерот Сашо Тасевски преку својот фејсбук-профил.



Реакцијата на Тасевски уследи откако Ковачевски ја релативизираше заканата за  територијалниот интегритет на македонската држава по поставувањето на мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ изминатиот викенд во „Музејот“ отворен во кумановското село Сопот, по што и лидерот на ДУИ Али Ахмети објави фотографија од таа плоча со „Голема Албанија“ на својот фејсбук-профил. „Ставањето на таа карта е задоцнето 145 години. Ние тоа што го имаме денес како општество не ги прави релевантни таквите мапи. После влегувањето во НАТО имаме други мапи, кои што се важни, а тоа е мапата на државитечленки на НАТО, како и мапата на обединета Европа, која ја очекуваме.“ – кажа Ковачевски.

На фејсбук натаму Тасевски му порачува на премиерот Ковачевски: Тие што мафтаат со тие карти се поддржани од друга соседна држава, која барабар со оваа седи во НАТО на иста маса. Се бори за влез во посраната ЕУ барабан со нас. И ти пред таа реалност. која ни се случува и одвива пред очи, наречена Голема Албанија, која е во завршна фаза на остварување, се правиш ќор при очи. Треба да полудиш од бес на тие провокации, да побараш од полицијата да интервенира, да ги урне сите обележја со тие мапи, не да глумиш мајка Тереза.

Трескаш дека таа е демоде агенда. Нема врска. Ние сме глупавите. Ако си ти глупав и ограничен, немој таа глупавост да им ја продаваш на Македонците како врвна политичка мудрост. Оти глупавиот, кога знае да молчи, не знаеш дека е глупав. Ти не знаеш да молчиш, па излегуваш и смешен. Ама поради функцијата што ја имаш ги правиш глупави и смешни и Македонците пред светот. Молчи, човеку, и моли се час поскоро да заминеш од власт. Штетнику еден.

Сашо Тасевски во поодделна објава на фејсбук им се обрати и на членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ: Не ви е малку непријатно што на чело на партијата  имате искубан бројлер? Што мора да му се обраќате со ШЕФЕ на тотален идиот? Не ви навредува интелигенција кога кине „зелени“ од говорница? Кога сфаќате дека е безнадежно глупав?

Не ве загрижува ни малку тоа што ве мрази вашиот народ, поради неговата имбецилност и поради имбецилноста и на тој пред него? Немате кнедла во грлото што никогаш повеќе нема да дојдете на власт бидејќи дозволивте да  бидете водени од полуписмени  цепаници со коефициент на интелигенција како собна температура? Вие сте за искрено жалење и тажење, да не му направивте толку штета на македонскиот народ. Вака, заслуживте само гадење и презир од нас.