Актерот Сашо Тасевски со жестока реакција по најавата од министерката за образование Мила Царовска за укинување на историјата како посебен предмет во основното образование.
„ГраЏанке Мила, мислиш многу си паметна и дека далеку ќе стигнеш со твоиве имбецилни одлуки.
Знаеме зошто ја укинувате историјата како предмет, за да му направите ќеф на Велепредавникот кој ве води и на Бугарите. Да го збришете полека минатото од главите на наредните генерации.Ако си го читала Орвел, ГраЏанке Мила, а не верувам, треба да знаеш дека оној кој нема контрола на минатото и не го знае, нема ни иднина. Народ кој не ја познава својата историја, осуден е да ги повторува нејзините грешки.
Уништивте сè што може да се уништи, кое е поврзано со македонската националната свест.
ГраЏанке Мила, зошто толку многу ви се гади од сопствениот народ? Зошто толку ги мразите Македонците и нивните традиции и историја?
Ги уништувате ќутенката не само образованието, туку и моралот. Мислите сте недопирливи?
Само напред, ќе дојде време ќе ликуваме над вашата пропаст, која ја заслуживте. Не очекувајте сомилост од никој. Милоста и простувањето се христијански особини, ама за вас простување нема, оти сте ѓаволи. Таква омраза да имаш кон својот народ е и тоа како ѓаволски“, порача Тасевски.






