Тасевски: Да го веев знамето на Голема обединета Македонија ќе бев во притвор, а кога некој вее знаме на Велика Албанија истрагата трае!

„Да го веев јас знамето на Голема обединета Македонија, до сега ќе бев во притвор. Ама кога некој го вее знамето на Голема Албанија, тогаш истрагата трае… и трае… и трае… И ќе трае.“ – реагира актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук-профил во врска со веста дека „Министерството за внатрешни работи се уште води истрага околу идентитетот на лицето, што го веело знамето на Велика Албанија“ за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово на 12 август годинава.