Претседателката на „Транспаренси интернешенел–Македонија“, Слаѓана Тасева во разговор за „Независен“ вели дека околу фалсификуваните патни исправи давани на криминалци потребна е независна и меѓународна комисија да го истражи криминалот во МВР.
Таа оценува дека „како реперкусија овој случај ќе го видиме во сите наредни извештаи на меѓународните организации. Ова ни е втор или којзнае кој скандал во работењето на МВР, кое треба да биде предводник во борбата против овој криминал“, посочува Тасева потсетувајќи дека со децении укажувале дека корупцијата во МВР е фактор за нискиот степен на откривање на криминалот.
„Македонија сега е ставена на посебна листа на држави, бидејќи никој не може да знае дали биле издадени само 200 или 300, 500 и повеќе патни исправи на криминалци“, вели Тасева.
Целиот разговор на следниот ЛИНК

.





