Тасева за бизнис зделката „Соравија“: Следете ги парите!

„Мојата препорака е службите од двете страни на границата, па и пошироко, подобро да се организираат во ефикасно следење на финансиските текови поврзани со бизниси вклучени во развојни проекти“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл – Македонија во врска со купо-продажбата на бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје каде, како еден од новите „газди“ е внукот на Али Ахмети, Дрин, кој за „ниту 1 евро“ добил 39 проценти од фирмата.



Дрин Ахмети нема да плати „ни 1 евро“ за 39% од „Соравија“

„Активностите околу купување на загубарот ‘Соравија’ претставуваат посебен предизвик за институциите кои се задолжени за организирана превенција и борба против корупцијата.

Овие дејствија содржат елементи на меѓународна (прекугранична) активност и вклучуваат поврзаност со политички експонирани лица, како и со лица од бизнисот кои делуваат во сфери на високопрофитна дејност заснована на трошење на јавни пари и државни заеми, како што се изградба на патишта, а тесно се поврзуваат и со банкарскиот сектор кој се јавува како кредитор“, укажува Тасева пренесе Радио слободна Европа.

„Износот за кој се продава Соравија е деловна тајна, а долгот од 20 милиони евра, настанат заради кредитите со кои Хано Соравија го купил деловниот центар, не ги премислил Ахмеди и Пјетерѓокај да преговараат за преземање на центарот“ објави РСЕ.

Засега се знае само дека купувањето се спроведува со кредитна линија во износ од шест милиони евра обезбедени преку „Крединс банка“, каде албанскиот партнер Пјетерѓокај бил акционер.

Тоа е почетната сума со која идните сопственици ќе се обидат да го намалат долгот од 20 милиони евра.

Вредноста на трансакцијата ќе биде објавена во септември кога ќе завршат сите процедури.

Во „Соравија инвест“ мнозински сопственик со 51 отсто ќе биде „Пе-вла-ку ШПК“, 39 отсто ќе има „Тор индустрис“, а 10 отсто ќе останат на сегашниот сопственик Хано Соравија. Во „Соравија менаџмент“ албанската фирма исто така ќе поседува 51 отсто, а компанијата на Ахмеди 39 отсто, потсетува РСЕ.