Tасева: Недоволна е борбата со корупцијата, јавниот обвинител никој не го знае

Според  поранешната претседателката на Транспаренси интернешнал- Македонија, Слаѓана Тасева има некакви активности, но недоволно земјава се бори со корупцијата.



– Разликата помеѓу тогаш и сега, тогаш имаше поддршка од владата. Антикорупциска и иницијативите имаа понатаму реализација преку разрешување на директори, менување на одлуки на Влада. Тесното грло и тогаш и сега после 20 години е јавното обвинителство. Без активности таму, нема да имаме никогаш добра борба против корупцијата, рече таа за „Студио 10“ на ТВ 24.

Таа нагласи дека имаме проблем што не ги расчистуваме работите до крај.

– Само заташкуваме. Само ќе го споменам случајот со академијата за судии и јавни обвинители. Кој интегритет го имаат тие луѓе. Имаме избор на јавен обвинител кој никој не го познава. Имаме многу коруптивни дејствија. Имаме клепоткратија која е подржана од сите страни., нагласи Тасева.