На новинарско прашање дали случајот „Рекет“ имал некакво влијание Република Македонија и оваа година да бележи назадување на Индексот за перцепција на корупцијата и да падне на 136 место, односно со вкупно 35 поени и е пласирана на 106 место, Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнл Македонија, оцени дека работењето на СЈО и губењето на доверба сигурно има влијание.
Овој надолен тренд, рече на денешната прес-конференција го гледаме уште до 2012 година и порано, во борбата против корупцијата и убедливо сме на најниската позиција од сите држави и во регионот.
Мерките кои се преземаат односно кои се презентираат дека се преземаат за борба против корупцијата, оцени таа, не се реални, не се вистински, не се објективни и не даваат ниаков резултат.
„Да се зајакне и потребата од проверка и контрола, да нема недопирливи, како што има денес недопирливи за било каква реакција од било кого или пак за реакција од судските власти или за снакционирање. Ова се преопраки што денеска се релевантни и валидни на светско ниво“, потенцира Тасева.
Во однос на нивото на корупцијата во регионот најдобро рангирана на ИПК е Словенија на 35 – то место, а најлошо нашата држава на 106-то место, додека Хрватска е на 63 место, Црна Гора на 66, Бугарија на 74 место, Србија на 91, Косово и Босна и Херцеговина се на 101 место.





