Во колумна за Плусинфо екс главниот уредник на весникот Вечер а сега менаџер на Тотал ТВ Никола Тасев предлага три промени на изборниот законик кои што можат да и помогнат на Македонија.
Тасев со иронија вели дека забележал двајца работници на автопатот Кичево – Охрид со кои овој проект ќе заврши за 30 години.
“Шега е ова, ама признајте дека СДСМ сака да биде реалност. А реалноста вели дека на Македонија навистина ѝ се неопходни автопатишта и градежна офанзива во тој сектор, но на државата ѝ е потребна и политичка стабилност. Тоа е основата за добар економски развој и напредок. Македонија е во сериозна политичка криза и ѝ треба промена, а таа може да се случи на брзи избори или со техничка влада во идните 5-6 месеци. Затоа се потребни сериозни пратеници, луѓе со став, на кои им е побитен развојот на државата, наместо личните пазарења со власта. А затоа потребна е и итна промена на изборниот модел!
Пред локалните избори се пропушти да се променат три работи: градоначалник да се избира во еден круг, отворени листи за советници и да се намали бројноста на советите. На општините им требаат мали, функционални и компетентни совети, а на граѓаните не им требаат пазарењата меѓу двата круга.
Затоа, сега не треба да се пропушти можноста да се смени изборниот модел за следните парламентарни избори: Македонија една изборна единица, отворени листи, па нека се намали и бројот на парламентарци”, пишува Тасев.
Целата колумна на Плусинфо.






