Тасев: Се е историски во СДСМ, време е народот да ги прати во историјата

Македонија треба да ја прати СДСМ во историјата смета екс новинарот и екс директор на Нова Македонија Никола Тасев.



Тасев ја коментира најновата фалба на владеачката партија според која зголемувањето на пензиите било историско.

,,Се е историски кај нив: историски највисоки пензии, плати…историско најголемо задолжување, историски највисоки цени на бензин, леб, масло…
Името Македонија го закопаа во историјата … заслужни се веќе Македонија нив да ги прати во историјата”, пишува Тасев.

СДСМ не признава дека пред 3,5 години го сменила законот на ВМРО-ДПМНЕ со кои имаше редовно зголемување на пензиите за сега да го врати и да го најави како ,,Швајцарски модел”.