Во колумна за Плусинфо.мк Никола Тасев ја анализира власта од аспект на давање нови ветувања и молк за реализација на старите дадени пред избори.
“Кај нас стана нормално премиерот, министрите и директорите со предвремена кампања и со користење на јавните ресурси да ја оправаат лошата слика за своите градоначалници, оти тие имаат кратка листа на реализација.
Скопје денес е чист и зелен град, без загадување, со решен сообраќаен метеж, со архитектонско чудо – тунелот под Кале, атрактивен Луна парк… Во Универзална сала веќе две години се одржуваат концерти, а скопјани и ова лето се разладуваат на езерото Треска… Битола и Штип се важни регионални центри со современи студентски домови и функционални Клинички центри, Прилеп има нова обиколница, а Охрид е пофален од УНЕСКО дека е суперзаштитен стар град. Едноставно, сите македонски градови се развиваат, селата се урбанизираат, младите останаа дома, а граѓаните презадоволни што има „Живот за сите”…”, пишува Тасев.
Целата колумна на овој ЛИНК






