Тарик Филиповиќ за „Северна“ во „Кој сака да биде милионер?“: За мене тоа е секогаш Македонија

Водителот на квизот „Кој сака да биде милионер“ на Хрватска телевизија, Тарик Филиповиќ, и понатаму ја признава само Македонија, без „Северна“.



„Целиот свет тоа го прифати, но јас многу ги сакам Македонија и Македонците и за мене тоа е секогаш Македонија. Ете, тоа е мое право“, прокоментира Филиповиќ по заокружениот одговор „Северна Македонија“ од учесничка во квизот на прашањето „Што е ‘продуктот’ од состанокот на Преспанско Езеро во јуни 2018.“.