Досегашпниот В.Д. лидер на Алијанса на Аллбанците, денеска на Третиот Конгрес на партијата е избран за претседател на оваа политичка партија на Албанц ите во Македонија.



В.Д. функцијата Тарвари ја презема прред 6 месецио кога дотогашниот претседател Зијадин Села поднесе оставка поради незадоволителниот резултат што го постигна партијата на локалните избори.

Села лично го поддржа Таравари и од делегатите на Конгресот побара да гласаат за него.

При гласањето Таравари, кој беше единствен кандидат, ја доби поддршката од делегатите со 512 гласови „за“, еден против и двајца воздржани.

„Политиките на партијата генерално ќе продолжат тие што се. Веќе од утре почнуваме со континуирана кампања додека се одржат следните избори. Кампања врата на врата, да ги отвориме вратите на партијата да доближиме што повеќе луѓе, посебно интелектуалци кои ни се потребни за успешно функционирање на партијата. Професионализација на партијата. Ние почнуваме кампања без разлика дали ќе се одржат избори во 2023 или 2024 година. Ние ќе бидеме во продолжена или континуирана кампања врата на врата до следните избори“, рече Таравари.

Арбен Таравари е роден 1973 година. Досега бил министер за здравство, а од 2017 година е градоначалник на Гостивар во два мандати. По професија е лекар, невролог.