Албанците продолжуваат да бидат дикриминирани во Македонија иако околу 30 отсто од жителите припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот, вели за Топ чанел градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
И покрај фактот што речиси половина од владиниот кабинет во Македонија го сочинуваат министри Албанци, Таравари вели дека дискриминацијата е очигледна.
„Но, повторно, за Македонците е глупост Албанците да водат одредени позиции, на пример во специјалната полициска единица не може Албанците да бидат припадници на тие единици, министерот за внатрешни работи на Македонија е глупост да биде Албанец, премиерот е глупост да биде Албанец, за шефот на државата не се ни разговара“ – вели претседателот на Алијанса за Албанците.
Вели дека тој има за цел да постигне некакви промени во корист на Албанците со уставните измени што ќе се направат.
„Алијансата за Албанците упорно ќе инсистира албанскиот јазик да се дефинира како што треба, не процентуално, туку да биде официјален, да биде албанскиот и македонскиот јазик, а не македонскиот јазик и јазикот што го зборуваат повеќе од 20%“, рече Таравари.
За да се дојде до промени Таравари очекува поддршка од Косово и од Албанија.
„Албанија и Косово имаат обврска заедно со Академијата на науките и уметностите во Албанија и Косово да направат стратегија: Краткорочна, среднорочна и долгорочна стратегија за синхронизирање на акциите на Албанците во регионот каде што живеат“, вели лидерот на Алијанса.







