Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство Арбен Таравари, вели дека најдобар индикатор за отселувањето е бројот на лекари кои што бeгаат.
„ Само за првите шест месеци од оваа година, 400 доктори заминаа од Македонија! Ова ви е индикатор како е. Сепак докторите се една фела која што е добро позиционирана во општеството. Кога тие масовно бeгаат, значи тука нешто не е во ред“.
Тој, во синоќешноото гостување на ТВ Алфа изнесе податоци дека во 2016 заминале 180 лекари од Македонија, а во 2017 бројката изнесува 110 лекари, додека пак во 2018 година отишле 240 лекари.






