Таравари привремен в.д. лидер на Алијанса на Албанците

Алијанса за Албанците го избра поранешнит секретар на Алијанса на Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари за в.д. претседател на паријата.



На оваа партија ќе го избере својот следен претседател. Следниот наследник на Зијадин Села кој поднесе оставка ќе се избира на вонреден конгрес на 17 декември.

СЕЛА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЛИДЕР НО НЕ И ОД ПОЛИТКАТА

Одлуките во опозициската партија ги донесе денеска Централното собрание кое првично ја утврди оставката на актуелниот лидер Зијадин Села, како морален чин по изборниот резултат во општина Тетово.

Таравари изјави дека не одлучил дали ќе се кандидира на конгресот во декември.

„Не. Сè уште не сум рекол дека ќе се кандидирам. Овој период ќе работам до одржување на конгресот. Мислам дека има време за објавување на кандидатури до две недели пред одржување на конгресот, согласно статутот. Ќе видиме, ќе анализираме, ќе ги видиме околностите и ќе донесеме одлуки за кои мислиме дека се најдобри за нашата политичка организација“, додаде тој.