Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари обвини дека општините предводени од Алијанса на Албанците, Гостивар, Врапчиште и Боговиње, се мета на секојдневни инспекции но не и оние кои се под контрола на дуи.
„Наместо Владата да ја пронајде вреќата „Боки 13“, од 1,5 милиони евра, да го реши случајот Маѓар Телеком, кој го донесе конечниот заклучок пред судот во Њујорк, случајот со Ден Дончев, каубоите на ДУИ кои пукаат на свадби, но ништо не е разјаснето од овие случаи“, изјави Таравари.
Тој нагласи дека тие не се против контролите на инспекторатите, но оти треба да одат и во општините со кои управува ДУИ, како што е Тетово и каде има над 500 вработени.





