Таравари: „Тешка пролет ја очекува Македонија – предвремените парламентарни во септември, или октомври 2022“

„Секретарот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Татавари оценува дека ќе следи тежок период за Македонија во пролетните месеци. Тој оценува дека предвремените избори се неизбежни и оти дека ќе се одржат наесен годинава.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ ја цитира изјавата на Таравари: „Следниот период ќе биде тежок период за Република Македонија. Имаме економска криза, здравствена криза, енергетска криза. Сето ова претставува проблем за функционирањето на оваа Влада и постојано се зголемува незадоволството. Март, април, мај ќе бидат тешки месеци во Македонија и од она што го гледам од изборите не може да се избега. ‘Можеби во јуни, но тешко тој месец, затоа што Владата има 100 дена. Не може да се изгласа укинување или распуштање на парламентот, па мислам дека ќе има избори во септември или октомври 2022 година.’ – изјави Арбен Таравари од Алијансата на Албанците.“