„Овој случај е скандалозен. Она што се случи е дека на пациентите им биле давани плацебо наместо лекови и тие биле продадени на друго место.



Му честитам на министерот што беше многу отворен и инсистираше на органите на правдата овој случај да се расчисти до крај“ изјави лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари пренесува Фокус

„И посакувам и се надевам дека нема да се повторат вакви случаи. Во моментов не знаеме дали се работи за 1 или илјада пациенти кои биле жртви на тоа што се случило, но дури и за еден, тоа е неетичко и неморално и дефинитивно и под никакви околности министерството мора да инсистира на органите на правдата. за овој случај да биде казнет, ​​со цел никогаш да не се повтори“,вели Таравари.