Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вели дека СДСМ и ДУИ прават театар пред да постигнат договор за формирање на нова влада.
Владата ќе има мнозинство од 62 пратеници заедно со еден пратеник на ДПА, но не без поддршка од други партии, смета тој.
„Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот – рече Таравари на Алфа.
Тој додаде дека соработката со Алтернатива на Африм Гаши е цврста и најави дека отсега разговараат за локалните избори.






