Во синоќешното гостување во дебата на ТВ24, Арбен Таравари рече дека погрешно е да се мисли дека гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, кој не оди во вториот круг, ќе се прелеат на контото на кандидатот Стево Пендаровски.
Тој на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски му рече дека греши кога мисли дека по дифолт гласовите на Блерим Река ќе одат повеќе за СДСМ.
„И за време на референдумот ми беше тешко во Гостивар да кажам дека Пендаровски ги заслужува гласовите. Два пати ми ги одземаа ингеренциите, буџетот два пати не ми го гласаат, на програми за вработување не можам ни да помислам, секој ден ми праќаат финансиска полиција како дрога да произведуваме во Општината.“, рече Таравари синоќа.





